Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2017

Џака под истрага поради навреда на расна основа

Лондонската полиција покрена истрага за наводите дека Гранит Џака, фудбалерот на Арсенал, на расна основа го навредувал персоналот на аеродромот во тој град.

Џака беше исклучен на натпреварот на неговиот тим против Барнли во неделата, а наводниот инцидент се случил на лондонскиот аеродром „Хитроу“.
Репрезентативецот на Швајцарија негира дека ги изговорил зборовите за коишто го обвинуваат и инсистира на тврдењето дека не се обраќал директно кон персоналот.
„Во понеделникот, на 23-ти јануари во 19.29 часот, била повикана полиција поради наводите дека некој од персоналот бил навредуван на расна основа на аеродромот ‘Хитроу’. Овие наводи ги изрекла трета страна. Полицајците дошле на лице место и разговарале со машко лице на дваесетина години. Никој не беше приведен. Тој доброволно дојде во полициската станица во западниот дел на Лондон, каде што со него беше разговарано. Истрагата продолжува“, се наведува во соопштението на полицијата.
Арсенал не го коментираше инцидентот, наведувајќи дека тоа е приватна работа и работа на полицијата.

Најнови вести