Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2017

Клоп го сочува мозокот на тимот, Кутињо го продолжи договорот

Филипе Кутињо потпиша нов договор со Ливерпул, па на „Енфилд роуд“ ќе остане до 2022 година.

Кутињо со новиот договор стана најплатен играч на Ливерпул, бидејќи, според наводите на медиумите, ќе заработува по 150.000 фунти седмично.
„Ова се прекрасни вести за сите коишто го сакаат Ливерпул. Сите знаат колку е добар фудбалерот, но не го гледаат сите неговиот позитивен карактер и влијанието во соблекувалната. Во Ливерпул може да ги оствари своите соништа и амбиции, а со овој потег потврди дека верува во тоа“, изјави Јирген Клоп.
Во новиот договор Кутињо нема излезна клаузула.
„Многу сум среќен што потпишав нов договор. Ова е клубот кому сум му многу благодарен, а ова покажува колку сум среќен овде. Отсега ќе работам сè повеќе за да ја оправдам довербата. Трофеите се најважни. Кога велам трофеи, мислам на Премиер лигата, но и на Лигата на шампионите. Тоа е мојата цел“, изјави Кутињо за интернет-страницата на клубот.
Кутињо во Ливерпул дојде во јануари 2013 година од Интер. Досега одигра 163 натпревари за клубот од „Енфилд роуд“ и постигна 34 гола.

Најнови вести