Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2017

Борусија: Обамејанг може да оди за 80 милиони евра

Борусија од Дортмунд е подготвена да го пушти најдобриот фудбалер и стрелец Пјер-Емерик Обамејанг во друг клуб, но не под 80 илјади евра.

Ханс-Јоаким Вацке, извршниот директор на „милионерите“, изјави дека ја разбира желбата на брзоногиот Габонец налето да направи трансфер во поголем клуб какви што се Барселона и Реал од Мадрид.
„Не можеме да гарантираме дека играчот ќе остане во Борусија до крајот на кариерата, но нашата сила секогаш е во тоа да најдеме вистинска замена. Сите ги потсетувам дека Обамејанг беше наша алтернатива за ‘да го срушиме светот’ и за заминувањето на Роберт Левандовски во Баерн. Со 80 милиони евра сите би размислиле околу неговиот статус, Обамејанг е подготвен за поголем клуб“, изјави Вацке за „Кикер“.
Покрај шпанските гиганти, за Обамејанг интерес покажаа и Манчестер сити и Баерн од Минехен, но тој ги отфрли приказните дека би можело да се пресели во редовите на најголемиот ривал на Борусија.
Овој 27-годишен фудбалер и оваа сезона игра во фантастична форма, постигна 20 погодоци на 22 натпревари во сите натпреварувања.

Најнови вести