26.1.2017 Лига куп: Саутхемптон преку Ливерпул во финалето
Фудбалерите на Саутхемптон се првите финалисти на Лига купот откако го елиминираа Ливерпул со минимална победа и со вкупен резултат 2-0 се пласираа понатаму.
Триумф на својата екипа ѝ донесе Лонг во првата минута од судиското продолжение.
Екипата на Јирген Клоп повеќе од 70 отсто ја поседуваше топката, но не успеа да го совлада Форстер.
Во 91-вата минута Лонг ѝ избега на одбраната на Ливерпул за победа на „светците“. Саутхемптон за трофејот ќе се бори со подобриот од натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Хал. „Црвените ѓаволи“ во првиот натпревар славеа со 2-0.