Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2017

Куп на кралот: Селта го исфрли Реал, се пласира Атлетико

Фудбалерите на Селта и на Атлетико Мадрид се пласираа во полуфиналето на Кралскиот куп.

Реал Мадрид не успеа да го надополни поразот од 2-1 од првиот натпревар одигрувајќи 2-2 во Виго, а со тој резултат заврши и средбата меѓу Еибар и Атлетико Мадрид, па „јорганџиите“ се пласираа понатаму благодарение на убедливиот триумф во првиот натпревар од 3-0.
Во останатите натпревари, Барселона има 1-0 во првата средба со Реал Сосиедад, а Алавес по 2-0 со Алкоркон од првата средба, ќе се обиде да обезбеди пласман во полуфиналето.
Селта поведе со автоголот на Данило во 44-тата минута, а Роналдо во 62-рата го израмни резултатот. Уште еднаш екипата од Виго стигна до предност, овој пат прецизен беше Вас, а конечниот резултат го постави Лукас во 90-тата минута. Екипата на Зинедин Зидан трета година по ред нема да има шанса да се бори за Кралскиот куп.
Атлетико прв поведе против Еибар со голот на Хименес во 49-тата минута. Енрих изедначи во 73-тата, а пресврт на неговата екипа ѝ донесе Леон. Конечниот резултат го постави Хуанфран во 85-тата минута.

Најнови вести