Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2017

Квалификации за ЕП до 21 година: Македонија против Србија, Русија и Австрија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги доби своите противници за квалификациите за Европското првенство 2019 година, кое ќе се игра во Италија и во Сан Марино.

На денешната ждрепка која се одржа во Нион беше извлечена Србија како носител во групата 7, а покрај неа и нашата репрезентација се уште и: Русија, Австрија, Ерменија и Гибралтар.
Квалификацискиот циклус почнува на 20-ти март, а на Европското првенство ќе се пласираат победниците од деветте групи, додека најдобрите четири второпласирани селекции ќе играат бараж. 
Македонија се наоѓаше во четвртиот барабан при извлекувањето, па можеше да добие потешки противници од тие што беа извлечени.
„Добивме група без атрактивни, но сигурно со тешки противници. Во секој случај, ова е група за ново надигрување со Европа“, изјави селекторот Благоја Милевски, кој во овие квалификации ќе влезе со комплетно нова генерација фудбалери. 
Статусот младинци е при крај за оние повозрасните, кои есеноска изборија историски пласман на Европското првенство во Полска од 16-ти до 30-ти јуни.

 

Најнови вести