Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2017

Патрис Евра во Марсеј

Познатиот бек на Франција повторно се враќа во неговата татковина.

Патрис Евра, поранешната голема ѕвезда на Манчестер јунајтед, за кого настапуваше дури осум години, се врати во Франција и потпиша договор на година и пол со поранешниот европски шампион Марсеј.
Познатиот лев бек има 35 години, а во Марсеј стигна по трите сезони во Јувентус, за кого одигра 82 натпревари, постигна три гола и три пати ја освои Серија А.
Тој сè уште официјално е репрезентативец на Франција, за која одигра 81 натпревар, а во Марсеј ќе го носи дресот со број 33.

Најнови вести