Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2017

Официјално: Паје се врати во Марсеј

Дмитри Паје, досегашниот фудбалер на Вест хем, се врати во Марсеј, потврди англискиот клуб.

Паје се враќа во францускиот клуб од кого направи трансфер во Вест хем летото 2015 година.
„Вест хем може да потврди дека вчера договори трансфер на Паје во Марсеј за 25 милиони фунти“, се наведува во соопштението на тој премиерлигаш.
Тоа е најголем трансфер во историјата на тој француски клуб, објави агенцијата АФП.
Паје би требало да ги помине лекарските прегледи, а потоа да потпише договор до јуни 2021 година, пренесуваат француските медиуми.
Дмитри Паје во Марсеј играше од 2013 до 2015 година, а пред тоа го носеше дресот на Лил, Сент Етјен и на Нант.

Најнови вести