Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2017

ФА куп: Фаворитите добро поминаа на ждрепката

Извлечени се паровите за осминафиналето на ФА купот, а фаворитите имаа среќа во ждрепката.

Прв пат од основањето на ова натпреварување во 1888 година, во осминафиналето се пласираа два клуба кои воопшто не играат во ниту една национална лига.
Сатон ќе го дочека Арсенал, а Линколн ќе гостува кај Барнли.
Манчестер сити на мегдан ќе излезе со Хадерсфилд, а градскиот ривал Јунајтед исто така ќе гостува, и тоа кај Блекбурн.
По исфрлањето на Ливерпул, Вулверхемптон на свој терен ќе се обиде да го изненади и Челзи, а во Лондон ќе играат Фулам и Тотенхем. Последен пар на осминафиналето е Мидлсборо против Оксфорд.
Милвол својот ривал ќе го дознае по повторениот натпревар меѓу Дерби и Лестер.

Најнови вести