Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2017

Обамејанг: Налето ќе ја напуштам Борусија

Пјер-Емерик Обамејанг изјави дека налето ќе ја напушти Борусија од Дортмунд. Репрезентативецот на Габон смета дека таквиот потег е важен за неговиот напредок и за кариерата.

„Доколку сакам да ја подигнам играта на повисоко ниво, морам да одам налето. Ме очекува важна одлука“, изјави Обамејанг.
Уште претходно беше актуелна приказната дека Обамејанг ќе го засили Реал од Мадрид, но брзиот напаѓач не ја исклучува можноста дека ќе отиде во Премиер лигата, или дури во ПСЖ.
„Реал и понатаму е мојот сон, но премногу се зборува за тоа. Има многумина кои би сакале да ме видат во Англија. Примера лигата како натпреварување многу ми се допаѓа. Париз е атрактивна дестинација, а францускиот е мојот примарен јазик“, додаде напаѓачот на Борусија.
Обамејанг оваа сезона за Борусија од Дортмунд постигна 16 погодоци.

 

Најнови вести