Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2017

Удар за Милан, Бонавентура ја заврши сезоната

Џакомо Бонавентура, фудбалерот на Милан, ја заврши сезоната поради повреда на препоните.

Еден од најдобрите играчи во тимот на „росонерите“ по повредата на натпреварот против Удинезе во неделата, го очекува операција кај познатиот фински хирург Сакари Орава.
„Мислам дека ќе се врати на теренот дури наредната сезона, освен ако не се случи нешто непредвидливо. Слична операција му правев на скијачот Петер Фил и мораше да паузира четири месеци. Во фудбалот тешко дека може толку брзо да се врати“, изјави Орава за „Газета дело спорт“.
Тоа ќе биде тежок удар за Милан бидејќи Бонавентура беше еден од најстандардните и најконстантни фудбалери, веројатно клучен играч во редот за врска.
Милан моментно е седми во Серија А, со три бода помалку од петтопласираниот Лацио, на позицијата која води во Лигата на Европа.

 

Најнови вести