Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2017

Мурињо сè повеќе нервозен

Манчестер јунајтед продолжува да ги раситнува бодовите против „малите“ тимови, а тоа сè повеќе го лути Жозе Мурињо.

Португалецот беше многу нервозен по неочекуваното реми на „црвените ѓаволи“ со Хал сити (0-0) на свој терен синоќа.
Откако даде многу кратка изјава за натпреварот, му се обрати на новинарот кој постави прашање како требало да суди арбитерот: „Ако не знаеш ништо за фудбалот, не би требало да го држиш тој микрофон“.
Јунајтед напаѓаше во текот на целиот натпревар, но немаше вистинска идеја како да постигне гол, па на крајот не ни заслужи победа. Ибрахимовиќ, Мхитарјан, Погба, па во вториот дел Мата и Руни, сите се обидуваа, но без успех.
„Не постигнавме гол, така е невозможно да се победи. Нивниот голман беше добар. Нам ни требаше повеќе време за игра, не ни беа доволни 90 минути, тие гледаа што ќе им дозволи судијата да прават, не го критикувам тоа, се бореа за себе, ним секој бод им е важен“, изјави Мурињо пред да биде налутен од новинарот.

 

Најнови вести