Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2017

Барса славеше во Мадрид, финалето е на повидок

Фудбалерите на Барселона направија голем чекор кон пласман во финалето на Кралскиот куп со победата над Атлетико во Мадрид со резултат 2-1.

Екипата на Луис Енрике во првиот натпревар од полуфиналето го надигра тимот на Диего Симеоне и сега се наоѓа на чекор од пласман во финалето.
Каталонците практично целата работа на „Висенте Калдерон“ ја завршија во првото полувреме.
Прво во седмата минута Луис Суарес погоди за 1-0 по асистенцијата на Маскерано, а Лионел Меси на 12 минути пред полувремето зголеми на 2-0 со фантастичниот удар од околу 20 метри.
Антоан Гриезман во 59-тата минута успеа да намали на 2-1, а тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.
Во другото полуфинале ќе играат Алавес и Селта.

Најнови вести