Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2017

Сити ги регистрира Туре и Жесус за Лигата на шампионите

Јаја Туре, фудбалерот на Манчестер сити, е сместен во списокот на играчи за нокаут-рундата на Лигата на шампионите.

Гвардиола не го користеше Туре бидејќи беше во судир со неговиот агент Димитри Селук, по што фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска мораше да се извинува поради зборовите на застапникот дека е понижуван од Шпанецот.
Туре не беше во тимот на почетокот на сезоната, но по извинувањето, се избори за стартната постава и за улогата која ја имаше пред доаѓањето на Гвардиола.
На новиот список се најде и последното засилување Габриел Жесус наместо Келечи Ихеаначо, кој сега е на листата Б како играч од младинскиот погон.
Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе игра со Монако, а првиот натпревар е на „Етихад“, на 21-ви февруари.

Најнови вести