Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2017

Официјално одложен дуелот меѓу Селта и Реал Мадрид

Натпреварот од 21. коло на Примера лига меѓу Селта и Реал Мадрид кој требаше да биде одигран вечерва во 20:45 во Виго, официјално е одложен, објави Ла Лига.

Градскиот совет на Виго вчера поради лошите временски услови го забрани одигрувањето на натпреварот во предвидениот термин затоа што силниот ветер го оштети стадионот „Балаидос“.
Меѓутоа натпреварот не беше веднаш официјално одложен, затоа што Ла Лига барала алтернативна локација на која би можеле да се одигра мечот.
Бидејќи очигледно не била најдена адекватна алтернатива, натпреварот е одложен, а новиот термин за одигрување ќе биде објавен дополнително.
По ова одложување Реал Мадрид ќе има два натпревари помалку од ривалите во борбата за титулата. „Кралевите“ се на врвот на табелата со 46 бодови, еден повеќе од Барселона, додека Селта е на десеттата позиција со 30 бодови.

Најнови вести