Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2017

Арсенал му понуди нов договор на Венгер

Англискиот премиерлигаш Арсенал му понудил нов двегодишен договор на менаџерот Арсен Венгер по поразот на „топчиите“ од Челзи, но Французинот не сакаше да открие дали ќе прифати да остане во Лондон.

„Мојата иднина секогаш беше сигурна, 100% сум фокусиран до последниот ден на својот договор. Тоа е единствен начин на кој можете да ја гарантирате иднината. Мислам само на утре“, изјави Венгер.
„Имавме исправен став, но искусните играчи не одиграа како што можеа. Дадовме сè од себе, но ни фалеше зрелост на почетокот на мечот. Челзи делуваше моќно, но тоа е впечаток кога вашиот тим се обидува да игра со додавања, а противникот игра на контранапади. Ние имаме карактер, тоа е несомнено. Денеска едноставно сè беше против нас“, кажа Венгер кој поразот од Челзи го следеше од трибините поради суспензијата од четири натпревари.
За иднината на Венгер се шпекулира веќе подолго време, особено поради незадоволството на навивачите. Францускиот стручњак на клупата на Арсенал е од 1996 година и „топчиите“ од тогаш освоија три титули во Премиер лигата и шест трофеи во ФА Купот. Последниот трофеј им е токму во ФА Купот од сезоната 2014/15, а шампиони на Англија последен пат беа во 2004 година.

Најнови вести