Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2017

Ибрахимовиќ најстар во Премиер лигата со 15 постигнати гола

Златан Ибрахимовиќ постави нов рекорд во елитниот ранг на англиското фудбалско натпреварување. Швеѓанецот стана најстар играч кој постигнал најмалку 15 погодоци во една сезона на Премиер лигата.

Ибрахимовиќ до рекордот дојде со погодокот во победата на Манчестер јунајтед на вчерашното гостување кај Лестер со 3-0.
Тој во 44-тата минута искористи едно одлично додавање на Антонио Валенсија по земја од десната страна и од пет метри ја испрати топката во мрежата.
Ибрахимовиќ постигна 15 гола во Премиер лигата на возраст од 35 години и 125 дена.
Тој го дели второто место на листата на стрелците со Диего Коста од Челзи и Алексис Санчес од Арсенал, а лидер е Белгиецот Ромелу Лукаку, кој постигна еден повеќе.
Манчестер јунајтед е шести во Премиер лигата со еден бод помалку од Ливерпул, а со два зад Арсенал. Во следното коло го дочекува Ватфорд.

Најнови вести