Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2017

Рафиња го скрши носот по судирот со Тер Штеген

Рафиња, фудбалерот на Барселона, заработи фрактура на носот на натпреварот со Атлетико од Мадрид по судирот со голманот на неговиот тим Марк-Андре тер Штеген.

Тер Штеген ненамерно го удри Рафиња со рака по лицето, но бразилскиот фудбалер мораше да го напушти теренот со крваво лице.
Рафиња поради тоа најверојатно ќе го пропушти утрешниот реванш-натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп со Атлетико Мадрид, како и првата средба од осминафиналето на Лигата на шампионите со ПСЖ на 14-ти февруари. Меѓу тие два натпревари, каталонскиот клуб го очекува гостувањето кај Алавес во Примера лигата.
Бразилскиот фудбалер по натпреварот постави фотографија на која има исеченица над веѓите, но потоа Барселона потврди дека и носот му е скршен. Шампионот на Шпанија, исто така, објави и дека дополнително ќе биде познато кога Рафиња повторно ќе се врати на теренот.

Најнови вести