07.2.2017 Ернанес го напушта Јувентус, ќе оди во Кина
Бразилскиот фудбалер Ернанес ќе го напушти Јувентус поради богатата понуда на кинескиот Хебеј Фортун, изјави Бепе Марота, спортскиот директор на „старата дама“.
Кинезите само за оштета на Јувентус ќе му платат десет милиони евра, додека 31-годишниот играч за врска ќе добие плата од седум милиони годишно.
Ернанес одлучи да си оди од торинскиот клуб поради тоа што нема одиграно ниту еден натпреварувачки меч уште од 27-ми ноември минатата година, како и поради тоа што не е пријавен за настап во нокаут-фазата на Лигата на шампионите.
Него во новиот тим ќе го дочекаат двајца фудбалери со коишто се натпреваруваше во Серија А, поранешните крилни напаѓачи на Рома и на Наполи, Жервињо и Езекиел Лавеци.
Ернанес моментно е последното познато име од Европа кое отиде во Кина оваа зима, по: Оскар, Одион Игало, Аксел Вицел, Алешандре Пато, Џон Оби Микел...