Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2017

Алегри најави промени и едно големо изненадување

Јувентус, шампионот на Италија и моментниот лидер во првенството, денес гостува кај Кротоне во поинаков состав.

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, изјави дека денес ќе одмори неколку играчи, како и тоа дека по подолго време во стартната постава ќе може да заигра Марко Пјаца.
По победата над Интер во големото дерби на Италија, Јувентус гостува кај Кротоне во заостанатиот натпревар од Серија А, што ќе биде шанса за некои нови играчи.
Во тимот нема да бидат Клаудио Маркисио, Џорџо Кјелини и Хуан Куадрадо.
„Повторно ќе ја изведеме истата формација 4-2-3-1, а единствени промени ќе бидат имињата на некои играчи. Кјелини ќе добие одмор, но сега имаме опција, бидејќи Мехди Бенатија се врати од КАН, а Барцаљи закрепна од настинката. И Маркисио ќе биде надвор од редот поради болки во грбот. Исто така, Марко Пјаца би можело да го почне натпреварот и да го заземе местото на Хуан Куадрадо, кој исто така ќе одмара“, изјави Алегри.
Натпреварот меѓу Јувентус и Кротоне на програмата е вечерва, од 20.45 часот.

Најнови вести