Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2017

Три црвени, нереализиран пенал, Барса во финалето на Купот!

Фудбалерите на Барселона и на Атлетико Мадрид одиграа нерешено 1-1 во реванш-натпреварот од полуфиналето на шпанскиот Кралски куп.

Каталонците се пласираа благодарение на победата од 2-1 во првиот натпревар во Мадрид.
Дуелот на „Камп ноу“ беше многу интересен. Луис Суарес го постигна првиот гол во 43-тата минута и Барса во тој момент имаше сигурни 3-1.
Во 57-мата минута од средбата беше исклучен Серхи Роберто, па Атлетико имаше шанса во продолжението.
Караско се потруди во 69-тата минута силите да бидат изедначени бидејќи и тој доби втор жолт картон, а голема шанса испушти Гамеиро, кој во 80-тата минута не искористи пенал.
Французинот сепак успеа да изедначи три минути подоцна, но Атлетико до крајот не успеа да обезбеди продолженија. Во последната минута втор жолт картон доби Суарес.
Во другото полуфинале играат Селта и Алавес, а првиот натпревар меѓу нив е завршен без голови.

Најнови вести