Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2017

Планот на Конте – 110 милиони за Лукаку и Кансело

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, ги означил Ромелу Лукаку, голгетерот на Евертон, и Жоао Кансело, десниот бек на Валенсија, како приоритет на листата со желби за налето.

Според англиските медиуми, Конте сака да го врати Лукаку само по три години откако тој си замина од „Стемфорд бриџ“, за што ќе мора да издвои околу 90 милиони евра.
Силниот Белгиец нема ништо против да се врати и таквиот потег значи дека Диего Коста, првиот напаѓач на „сините“, сигурно си оди, најверојатно во Кина.
Италијанскиот стручњак бара уште една голема работа од управата, сака да ја засили конкуренцијата на десната страна, која е ослабена со заминувањето на Бранислав Ивановиќ во Зенит, со одличниот Португалец Жоао Кансело.
Цената на Кансело изнесува околу 20 милиони евра, а во трка за неговиот потпис е и Барселона.

Најнови вести