08.2.2017 Нов удар за Интер, повреда на Брозовиќ
По суспензиите за Икардо и за Перишиќ, уште еден фудбалер е надвор од редовите, но поради повреда.
Хрватскиот репрезентативец Марцело Брозовиќ ќе мора да паузира неколку седмици поради пукнат прст на ногата.
Брозовиќ го напушти теренот во дербито со Јувентус, а дополнителните прегледи потврдиле дека на Хрватот му пукнала коска на прстот на ногата.
Во официјалното соопштение на клубот се наведува дека на Брозовиќ на прегледите му било потврдено дека има фрактура на четвртиот прст на ногата и дека неговото закрепнување ќе трае неколку седмици.
Според најавите, тоа би можело да потрае најмалку еден месец, што значи дека Интер дополнително ќе биде ослабен.
Мауро Икарди и Иван Перишиќ ќе ги пропуштат наредните два натпревари поради суспензии.