Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2017

Дефинитивно: Лам се повлекува на крајот на сезоната!

Филип Лам, капитенот на Баерн од Минхен, ќе ја заврши играчката кариера на крајот на тековната сезона и ќе ја напушти „Алијанц арената“ бидејќи не ја прифатил понудата на саканиот клуб.

Триесет и тригодишниот Филип Лам, поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Германија и актуелен носител на лентата на Баерн Минхен, одлучи да стави точка на играчката кариера на крајот на тековната сезона, пренесува германскиот „Билд“.
Познатиот германски весник ги пренесува сознанијата во врска со повлекувањето на Филип Лам, а ексклузивната информација е надополнета со веста дека капитенот на Баерн од Минхен не ја сака функцијата спортски директор која му е понудена.
Филип Лам веќе им ја соопштил на челниците на клубот неговата одлука за повлекувањето, што значи дека нема да го одработи важечкиот договор до крајот бидејќи ќе ги обеси копачките една година пред неговото истекување.
Тој неговата одлука за повлекување ја потврди по натпреварот од осминафиналето на Купот на Германија со Волфсбург, кој синоќа беше одигран во Минхен.
Неуморниот дефанзивен играч и по потреба (на Пеп Гвардиола) играч за врска викендот го одигра петстотиот натпревар во дресот на Баерн, со што влезе во историјата на клубот со којшто освои седум шампионски титули, шестпати Купот и Лигата на шампионите.

Најнови вести