Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2017

Лестер по продолженијата до осминафиналето

Фудбалерите на Лестер ја завршија серијата лоши резултати со пласманот во осминафиналето на ФА купот.

Шампионот на Англија дури по продолженијата го победи второлигашот Дерби каунти со 3-1.
Домаќинот поведе со погодокот на Кинг во 46-тата минута, а изедначи Камара во 61-вата минута од натпреварот.
Поради резултатот 2-2 во првиот натпревар, се играше уште половина час, а Лестер во тој период дојде до два нови гола со погодоците на Ндиди и Греј.
„Лисиците“ во осминафиналето на ФА купот ќе играат со Милвол на 18-ти февруари.

ФА куп, осминафинале:
Барнли – Линколн сити
Мидлсборо – Оксфорд
Милвол – Лестер
Хадерсфилд – Манчестер сити
Вулверхемптон – Челзи
19-ти февруари:
Фулам – Тотенхем
Блекбурн – Манчестер јунајтед
20-ти февруари:
Сатон јунајтед - Арсенал

Најнови вести