Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2017

Агуеро може да си оди за 93 милиони евра

Англискиот Манчестер сити е подготвен налето да се откаже од првиот стрелец Серхио Агуеро, дури за тоа го известил Интер, но за трансфер вреден 93 милиони евра.

Интер за наредниот преоден рок најави силно присуство на пазарот, кинеските сопственици од компанијата „Сунинг“ најавуваат влог од неверојатни 400 милиони евра, а Агуеро е на врвот на листата со желби, пренесува британскиот „Тајмс“.
Пеп Гвардиола, менаџерот на „граѓаните“, сака помлад напаѓач кој има поголем радиус на движење, па Агуеро во првата постава го замени последното засилување Габриел Жесус.
Аргентинецот сигурно нема да се помири со клупата за резервни играчи, поради што заминувањето од Манчестер е многу реална опција по завршувањето на сезоната.
Покрај Интер, за потписот на Агуеро заинтересирани се ПСЖ и Реал Мадрид.

Најнови вести