Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2017

Лукаку ќе потпише нов договор со Евертон

Ромелу Лукаку, голгетерот на Евертон, нема да го напушти клубот налето, иако постои голем интерес од страна на европските гиганти, туку ќе потпише нов договор.

Споменатата информација ја потврди контроверзниот агент на белгискиот фудбалер Мино Рајола и ги прекина шпекулациите околу статусот на Лукаку.
„Нема проблеми меѓу играчот и клубот. Во преговори сме, Лукаку ќе потпише нов договор“, изјави Рајола.
Медиумите на Островот пишуваа дека Челзи е подготвен да го врати Лукаку по три години поминати на „Гудисон парк“ и за тоа да издвои дури 90 милиони евра, како и дека го сака ПСЖ.
Тој оваа сезона во Премиер лигата постигна 16 голови на 23 натпревари и моментно е прв стрелец на англискиот шампионат.

 

Најнови вести