10.2.2017 Ернанес и официјално во Кина
Фудбалскиот клуб Јувентус потврди дека досегашниот играч на клубот Ернанес направил трансфер во кинескиот Хебеј Чајна Фортун.
Јувентус за трансферот на Ернанес ќе добие осум милиони евра, а таа цифра може да нарасне до десет милиони доколку се исполнат условите од договорот.
Бразилскиот фудбалер во Јувентус дојде во август 2015 година од Интер, а во текот на неговиот престој во Торино одигра само 35 натпревари.
Тој во кариерата настапуваше уште за Лацио и Сао Пауло.
Во Хебеј, меѓу останатите, играат Жервињо, поранешниот фудбалер на Рома и на Арсенал, и Езекиел Лавеци, поранешниот напаѓач на ПСЖ. Кинескиот клуб го тренира Мануел Пелегрини, поранешниот тренер на Реал Мадрид и на Манчестер сити.
Минатата сезона клубот ја заврши на седмото место на табелата.