Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2017

Мурињо: Следната сезона последна за Ибрахимовиќ

Менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо повтори дека Златан Ибрахимовиќ ќе остане во тимот и следната сезона.

Швеѓанецот во Јунајтед дојде минатото лето од ПСЖ и потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката уште една година.
„Тој дојде со намера да остане две сезона. Првата година е подобра од сите очекувања. Тој знае дека ќе се обидеме да бидеме подобри следната сезона и дека тоа ќе сакаме да го поделиме со него, што веројатно ќе биде последна година во неговата кариера на највисоко ниво“, изјави Мурињо.
Ибрахимовиќ досега има одлична сезона откако на 33 натпревари постигна 20 голови и е првиот триесет и пет годишник со најмалку 15 голови во Премиер лигата.
„Уверен сум дека ќе остане. Нема проблеми со неговото семејство, му понудив неколку дополнителни слободни денови да отпатува во Шведска на неколку денови, но тој не сака“, додаде Мурињо.

 

Најнови вести