Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2017

Барселона ослабена на критично место на мечот со Алавес

Фудбалерите на Барселона денес во 16:15 часот му гостуваат на Алавес, а тренерот Луис Енрике има проблеми со стоперските позиции.

Енрике не сака ништо да ризикува, па Жерар Пике доби слободен ден поради полесна болка во мускулот на десната нога, а ист е случајот и со Арда Туран.
Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем на Барса затоа што Хавиер Маскерано е на двонеделна пауза поради повреда која ја претрпе на натпреварот со Атлетико Мадрид.
Ова значи дека стоперскиот тандем ќе го сочинуваат Умтити и Матје кои досега немаа можност често да играат заедно.
Алавес на првиот натпревар сезонава на „Камп ноу“ есеноска ја победи Барселона со 2-1, а двата тима ќе се сретнат и во финалето на шпанскиот Куп на кралот кој е закажан за 27-ми мај.

Најнови вести