Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2017

Двојна фрактура на ногата на играчот на Осасуна

Саботата вечерта беше баксузна за фудбалерите на Шпанија, освен Алеиш Видал, тешка повреда доживеа и Тано Бонин.

За разлика од бекот на Барселона, кој помина со истегнување на глуждот на ногата и петмесечна пауза, помалку среќа имаше стоперот на Осасуна.
Тој во наизглед безопасниот судир со Иско, играчот за врска на Реал Мадрид, доживеа двојна фрактура на ногата, па го чека долго отсуство од теренот.
Реал славеше во Памплона со 3-1, клучен играч беше токму Иско, кој на Бонин му посака брзо закрепнување.

 

Најнови вести