Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2017

Бејл се врати на тренинзите на Реал

Герет Бејл, фудбалерот на Реал од Мадрид, вчера се врати на тренинзите на кралскиот клуб.

Зинедин Зидан, тренерот на мадриѓаните, изјави дека очекува дека Велшанецот ќе се врати на теренот наредниот месец.
Бејл беше надвор од теренот од ноември, бидејќи мораше да оди на операција на глуждот, кој го повреди во текот на натпреварот со Спортинг во Лигата на шампионите.
„Бејл е добро. Работи многу добро и делува многу одлично“, изјави Зидан.
Францускиот стручњак не откри што мисли околу тоа кога би можел да смета на 27-годишниот Бејл, но изјави дека се надева дека ќе биде подготвен за реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Наполи. Тој натпревар на програмата е на седми март.
„Се надевам дека Бејл ќе ни се врати во тимот пред реваншот со Наполи. Прво треба да се врати на тимските тренинзи, што е најважно“, додаде тренерот на Реал.
Крис Колмен, тренерот на Велс, веќе најави дека смета на Бејл за следниот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија. Велшаните наредниот натпревар го играат со Република Ирска на 24-ти март.

Најнови вести