Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2017

Мурињо: Тежок распоред, ривалите ќе ни побегнат

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека добрите резултати на неговата екипа донесле и некои лоши страни.

Јунајтед е во серија од 16 натпревари без пораз во Премиер лигата и е на бод од местото кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.
Тимот од „Олд Трафорд“ во наредниот период ќе има обврски и во двата купа, како и во Лигата на Европа, па поради распоредот, нивните ривали повторно ќе имаат шанса да стекнат предност на табелата.
„Ќе ни побегнат. Останатите тимови ќе освојуваат бодови, и тоа сигурно ќе се случи. Така е како што е. Не мислам дека е лесно. Играме во Лигата на Европа и ајде да уживаме во тоа. Го имаме и финалето на Купот. Никој не оди на ’Вембли’ несреќен. Саутхемптон веројатно ќе има повеќе време за одмор. Нашата ситуација не е лесна, но мораме да уживаме, бидејќи играме фудбал за да играме важни натпревари“, изјави Мурињо.

Најнови вести