Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2017

Банега е следен кој оди во Кина

Евер Банега, играчот за врска на Интер, е следниот играч кој кариерата би можело да ја продолжи во Кина.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Тијанџин Чанџијан, кој од клупата го предводи Фабио Канаваро, на „нераѕурите“ им понудил 25 милиони евра.
Аргентинецот минатото лето во Милано стигна како слободен играч од Севилја, а Кинезите му нудат годишна плата од осум милиони евра.
Банега не играше минатиот викенд поради повреда, а на 19 натпревари во дресот на Интер оваа сезона постигна два гола, и двата во Серија А.
Медиумите нагласуваат дека Интер е подготвен да го продаде бидејќи со парите од тој трансфер полесно би ги исполнил условите на финансискиот фер плеј на УЕФА.

Најнови вести