Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2017

Монтела емотивен: Горд сум што ги водам овие момчиња

Винченцо Монтела, тренерот на Милан, изјави дека е пресреќен за освоениот бод во дербито со Лацио.

„Росонерите“ во финишот на натпреварот со голот на Сусо успеаја да ремизираат 1-1 против тимот кој доминираше во поголемиот дел од натпреварот.
На голот повторно блескаше младиот Донарума.
„Многу сум посреќен по овој натпревар отколку по кој било кој завршил со овој резултат. Неверојатно сум горд што ги тренирам овие момчиња, коишто покажаа вистински тимски дух“, изјави тренерот на Милан.
„Секој тренер има своја анализа, безброј пати коментирав дека сме играле подобро од противничкиот тим иако сме изгубиле. Одигравме и подобри натпревари од овој вечерва, но тимот ја потроши целата енергија во натпреварот со Болоња, а екипата навистина ме погоди емотивно поради трудот кој го вложи вечерва“, воодушевено изјави Монтела по синоќешниот натпревар.
Милан моментно е седми на табелата на Серија А.

Најнови вести