Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2017

Повредата на Луиз не го загрижува Челзи

Од фудбалскиот клуб Челзи изјавија дека не се загрижени поради повредата на Давид Луиз откако бразилскиот фудбалер на социјалните мрежи објави фотографија во болничка облека.

Според извори на англиските медиуми, таа фотографија била направена во текот на терапијата на Луиз поради повреденото колено.
Луиз има проблеми со коленото од натпреварот со Манчестер сити, кога Серхио Агуеро остро стартуваше врз него, поради што фудбалерот на „граѓаните“ заработи црвен картон.
Антонио Конте, менаџерот на Чезли, во петокот за бразилскиот дефанзивен играч изјави дека е борец бидејќи играл со болки.
„Игра со мала болка во коленото, но тој е борец“, изјави Конте.
Фудбалерите на Челзи наредниот натпревар го играат во сабота, кога ќе се сретнат со Вулверхемптон во петтата рунда од ФА купот. „Сините“ се наоѓаат на чело на табелата на Премиер лигата и моментно имаат осум бодови повеќе од Манчестер сити.

 

Најнови вести