Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2017

Лоша вест: Габриел Жесус ќе мора долго да паузира

Габриел Жесус, младиот фудбалер на Манчестер сити, поради повреда на метатарзалната коска во стапалото, ќе мора да отсуствува од теренот најмалку три месеци.

Бразилецот се повреди на натпреварот против Борнмут, во којшто Сити синоќа славеше. Ова е многу лоша вест за фудбалерот, кој пред три кола дебитираше за првиот тим и сите ги воодушеви.
Жесус постигна гол против Вест хем на своето деби, додека во следното коло против Свонси (2-1) му донесе победа на неговиот клуб постигнувајќи два гола.
Во зависност од текот на закрепнувањето, може да се случи 19-годишниот напаѓач да паузира до крајот на сезоната.
Пеп Гвардиола, менаџерот на „граѓаните“, сега ќе биде принуден во стартната постава да го постави Серхио Агуеро, иако имаше поинакви планови, да му даде шанса на младиот Жесус, а Аргентинецот да го продаде налето.

Најнови вести