Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2017

Лига на шампиони: Спектакл во Париз, Борусија на „Естадио да Луз“

По паузата од два месеца, вечерва продолжува натпреварувањето во Лигата на шампионите со спектакуларниот натпревар во Париз меѓу ПСЖ и Барселона.

Вечерва на програмата е и средбата меѓу Бенфика и Борусија Дортмунд во Лисабон.
Парижаните едвај го чекаат реваншот бидејќи во претходните два судири во нокаут-фазата испаднаа токму од Барселона (2013 и 2014 година), а сега дуелот го очекуваат по одличните игри и дури 11-те победи во последните 12 натпревари.
Анхел ди Марија, крилниот напаѓач на ПСЖ, изјави дека смета дека дошло време неговиот тим да ја елиминира Барселона.
„Зборувавме во соблекувалната за меѓусебниот скор против Барселона, но сега е друго време. Ова е нов натпревар, нови играчи, се надевам и исходот“, изјави Ди Марија.
Добра вест за „светците“ е дека од повредата закрепна неуморниот играч за врска Марко Верати и ќе биде подготвен да води жестоки дуели со „волшебниците“ од Каталонија.
Од друга страна, излишно е да се потсетува дека најголемата опасност доаѓа од нападот МСН (Меси, Суарес, Нејмар), кој минатиот викенд го декласираше Алавес во гости со 6-0, со четири гола од споменатите фудбалери.
Интересен и ефикасен натпревар се очекува во Португалија, бидејќи играат два тима со карактеристики на офанзивен фудбал - Бенфика и Борусија Дортмунд.
За разлика од германската Бундеслига, Борусија одлично игра во Лигата на шампионите, што најдобро зборува податокот дека со 21 постигнат гол во групната фаза постави нов рекорд.
Но, нè ја очекува лесна работа против тимот кој три пати избори четврт-финале во Лигата на шампионите во последните шест сезони.
Натпреварите меѓу ПСЖ и Барселона и меѓу Бенфика и Борусија Дортмунд почнуваат во стандардниот термин од 20.45 часот.

Најнови вести