Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2017

Официјално: Рикардо Карвалјо во Кина

Уште едно познато фудбалско име тргна кон азискиот континент. Португалскиот ветеран Рикардо Карвалјо сè уште не е во пензија, а негов нов клуб е богатиот Шангај СИПГ.

Триесет и осумгодишниот стопер во Шангај стигна како слободен играч, бидејќи немаше клуб од летото, кога му истече договорот со Монако. Поранешниот дефанзивен играч на Порто, Челзи и Реал уште на почетокот на годината најави дека ќе ја засили екипата на Андре Вилаш-Боаш, за која играат и познатите Бразилци Елкесон, Оскар и Хулк и капитенот на Узбекистан, Одил Ахмедов.
Според најавите, Карвалјо ќе биде резервна варијанта во тимот, бидејќи Фудбалскиот сојуз на Кина го ограничи бројот на постојани играчи на еден натпревар на тројца. Тоа е потврдено од управата на Шангај.
„Ако некој од останатите четворица играчи се повреди, Карвалјо ќе добие шанса. Тој нам ни е многу важен за да им пренесе искуства на младите играчи“, изјави Чен Ксујуан, претседателот на Шангај.
Рикардо Карвалјо со Порто три пати го освои првенството на Португалија, Лигата на шампионите и Купот на УЕФА, три пати Премиер лигата со Челзи, еднаш Примера лигата со Реал, како и Европското првенство минатата година со репрезентацијата.

Најнови вести