Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2017

Венгер: Шок!

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека е шокиран од резултатот во натпреварот против Баерн од Минхен во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Баерн веќе обезбедија пласман во четврт-финалето со триумфот од 5-1 на „Алијанц арената“, со што го повторија резултатот од минатиот натпревар меѓу двете екипи во Минхен.
Иако на полувремето беше 1-1, играта на „топчиите“ се распадна во продолжението и да не беше голманот Оспина, резултатот би бил многу поубедлив.
„Не барам оправдувања. Бевме прилично цврсти во одбраната до нивниот втор гол. Шок е да се изгуби натпревар со олкава разлика“, изјави Венгер.
Тој додаде дека повредата на Лоран Косељни на почетокот на второто полувреме многу влијаела врз понатамошниот тек на натпреварот.
„Го изгубивме Косељни и тогаш ментално паднавме. Баерн беше подобар тим од нас“, додаде Французинот.
Реванш-натпреварот на програмата е на седми март во Лондон.

Најнови вести