Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2017

Анчелоти: Натпреварот против Арсенал најдобар досега

Баерн го победи Арсенал со резултат 5-1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, а тренерот на германскиот клуб изјави дека тоа е нивното најдобро издание откако дошол во клубот.

„Ова беше најдобар натпревар на Баерн откако дојдов. Сепак, сè уште не е завршено. За жал, мораме да го одиграме и реваншот. Синоќа бевме фантастични: брзи, компактни, врамнотежени. Направивме добар резултат. Имаме голема предност, но не смееме во Лондон да правиме грешки. Треба во Англија да играме на истото ниво, со иста страст, тимски дух и темпо, бидејќи не сакаме себеси да си направиме проблем“, изјави Анчелоти.
Италијанскиот стручњак особено е задоволен од играта на Тијаго Алкантара.
„Одигра совршен натпревар. Го ставивме меѓу нивните линии на тимот, а на тоа место беше блиску до нивните играчи за врска и до одбраната, па можеше да им даде два гола“, изјави Карло Анчелоти.

Најнови вести