Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2017

Мурињо ја отпиша Лигата на Европа?

Жозе Мурињо, тренерот на фудбалерите на Манчестер јунајтед, вчера изјави дека е загрижен поради можниот распоред на неговата екипа во последните неколку месеци во сезоната и додаде дека тоа може да претставува голем проблем.

Јунајтед и понатаму учествува во четири натпреварувања – Премиер лигата, ФА купот, Лига купот и Лигата на Европа.
„Ако продолжиме да напредуваме во сите натпреварувања, ќе имаме проблеми“, изјави Мурињо на конференцијата за новинарите пред дуелот од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа против Сент Етјен.
Првиот натпревар меѓу Јунајтед и Сент Етјен на програмата е денес.
„Не можеме да ги избираме натпреварувањата. Лигата н Европа не е натпреварувањето кое сакаме да го играме, но го играме“, додаде Мурињо.
Португалецот најави дека натпреварот против Сент Етјен поради повреда ќе го пропуштат Вејн Руни, Мајкл Карик и Фил Џонс, но додаде дека Пол Погба ќе биде во тимот, што значи дека ќе игра против неговиот брат Флорентин.
„Тоа е добро, убава судбина. Мислам дека единствено мама Погба има проблеми, нема да може да избере. Знам, ми кажа Пол, дека таа сака да биде нерешено“, изјави Мурињо.
Натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Сент Етјен се игра вечерва, во 21.05 часот на „Олд Трафорд“.

Најнови вести