Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2017

Земан повторно на клупата на Пескара

Искусниот чешки тренер Зденек Земан е нов тренер на Пескара, потврди италијанскиот клуб.

Земан го замени Масимо Одо, кој е отпуштен по поразот од Торино со 5-3.
Чешкиот стручњак пред пет години успешно ја водеше Пескара во Серија Б, со рекорден број голови и пласман во елитното натпреварување.
„Не сакам оваа екипа да ја заврши сезоната како најлоша екипа во Европа“, изјави Земан.
Пескара по 24 одиграни кола, се наоѓа на последното место на табелата со девет освоени бода и има една победа.
Земан во текот на својата кариера ги водеше: Месина, Лацио, Фенербахче, Црвена ѕвезда, Пескара и Лугано.