Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2017

Алегри: Арсенал? Вежбав англиски...

Масимилијано Алегри е еден од луѓето коишто се споменуваат како наследници на Арсен Венгер во Арсенал.

Алегри, чиј Јувентус вчера убедливо го совлада Палермо со 4-1, се пошегува на сè почестите шпекулации за негово заминување во Лондон.
„Каков е мојот англиски? Почнав да го учам пред да дојдам во Милан, но во меѓувреме престанав. Велат дека ќе сум одел во Арсенал? Тоа сите го кажувате, јас само слушам“, изјави Алегри.
Тренерот на шампионот на Италија даде коментар и за дуелот со Палермо.
„На полувремето водевме со 2-0, иако не игравме добро. Но ова беше добар натпревар, без оглед на тоа што му допуштивме на Палермо неколку удари од шеснаесетникот. Ова е еден натпревар помалку на патот до Скудетото и им честитам на момчињата за пристапот“, додаде Алегри.
„Старата дама“ во среда ја очекува првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Порто.

Најнови вести