Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2017

Мурињо се враќа на „Стемфорд бриџ“, Тотенхем против Милвол

Фудбалерите на Чезли ќе го дочекаат Манчестер јунајтед во дерби-натпреварот од четврт-финалето на ФА купот, одлучено е со ждрепката.

Финалето пред финалето на најстарото фудбалско натпреварување на светот ќе биде одиграно на „Стемфорд бриџ“ на 11-ти март.
„Немам реакција бидејќи имам уште многу на ум до тој натпревар, Сент Етјен во Лигата на Европа, Лига купот, борбата за првите четири места во Премиер лигата, додека Челзи е речиси шампион и може да мисли само за ФА купот. Ќе разговараме кога ќе дојде натпреварот“, изјави Жозе Мурињо, менаџерот на Јунајтед, а поранешен на Челзи.
Третиот фаворит на натпреварувањето, Тотенхем го очекува незгодно градско дерби со третолигашот Милвол, додека Мидлсборо и Линколн дополнително ќе ги добијат своите противници.
Мидлсборо го чека подобриот од реваншот меѓу Манчестер сити и второлигашот Хадерсфилд, додека подобриот од денешниот дуел меѓу Арсенал и петтолигашот Сатон во наредната рунда ќе игра против Линколн.

Најнови вести