Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2017

Облак би можело да се врати во првиот тим на Атлетико

Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид, би можело да се врати во стартната постава на „јорганџиите“ уште на денешниот натпревар од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен.

Словенечкиот голман закрепна од незгодната повреда на рамото, која ја заработи против Вилјареал во декември минатата година, по која мораше да му биде извршена операција.
Дека чуварот на мрежата може да се врати, потврди и Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид.
„Ќе видиме денес дали Облак ќе го почне натпреварот. Ќе одлучиме по последниот тренинг“, изјави Аргентинецот.
Симеоне пред првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите изјави дека неговиот тим посебно мора да се чува од тројца играчи на Леверкузен.
„Леверкузен е посебно опасен по крилата, каде што се Карим Белараби и Кај Хаверц. Во нападот е Хавиер Чичарито Ернандес, кој е во добра форма. Ќе видиме со каква постава ќе игра, но знаеме дека ќе биде тешко“, изјави Симеоне.
Освен натпреварот меѓу Леверкузен и Атлетико, денес на програмата е и дуелот меѓу Манчестер сити и Монако, додека утре играат Порто – Јувентус и Севилја – Лестер.

Најнови вести