Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2017

Каков Арсенал, голманот и сендвичот се хит!

Сатон јунајтед, петтолигашкиот клуб од јужниот дел на Лондон, стигна до четвртата рунда на ФА купот, но понатаму не можеше.

Арсенал беше пресилен за малиот соседски клуб (0-2), но речиси никој не зборува за рутинскиот триумф на тимот на Арсен Венгер, туку за резервниот голман на Сатон, Вејн Шоу.
Четириесет и петгодишниот чувар на мрежата, тежок 125 килограми, во финишот на натпреварот огладнел и на клупата за резервни играчи, без вина, извади сендвич и го изеде!
Камерите го забележале овој неверојатен детаљ, а Шоу експресно стана ѕвезда на социјалните мрежи.
Пол Досвел, менаџерот на Сатон, беше шокиран од испадот на Шоу и го критикуваше неговиот голман.
„Не мислам дека нè претстави во најдобро светло“, изјави Досвел.

Најнови вести