Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2017

Атлетико гостува во Леверкузен, Сити ќе го дочека Монако

Манчестер сити ќе биде домаќин на Монако, а Баерн Минхен на домашен терен ќе игра против Атлетико Мадрид во првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Сити ќе игра во осминафиналето како второпласирана екипа од групата во која прва беше Барселона, а Монако заврши пред Баер Леверкузен и Тотенхем. 
Во двомечот фаворит е Сити, и покрај тоа што според традицијата, Монако никогаш не испаднал во двомеч од некоја англиска екипа.
„Во оваа фаза во Лигата на шампионите целите се високи и поради тоа во текот на сите 180 минути мораме да играме на високо ниво. Само доколку играме така, можеме да се надеваме на победа против Монако“, изјави Пеп Гвардиола.
Гвардиола веќе подолго време има проблеми со составот. Поради повреда не играат Гундоган и Компани, додека Габриел Жесус се повреди минатата недела, а неизвесен е и настапот на Клиши и Коларов.
Монако е лидер во Франција, а Гвардиола се плаши од ефикасноста на тимот на Леонардо Жардим. Монако како лидер на францускиот шампионат на 26 одиграни натпревари има постигнато 76 погодоци, односно 20 повеќе од неговиот прв конкурент ПСЖ.
Кај Баер во Леверкузен ќе гостува европскиот вицешампион Атлетико Мадрид. Оваа средба ќе биде реприза од нивниот двомеч во оваа фаза пред две години. Тогаш на двата натпреварот и двата тима постигнаа по еден гол, а Атлетико се пласира во четврт-финалето по подоброто изведување на пеналите.
Во домашните шампионати и двете екипи не играат одлично, но шпанскиот тим е малку подобар од неговиот противник. Баерн се наоѓа на осмото место на табелата во Бундеслигата, а Атлетико е четврти во Шпанија и има серија од три победи во првенството.
Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите Атлетико ќе игра без дефанзивните играчи Годин, Хименез и Хуанфран, додека Аугусто Фернандез е повреден подолго време. Неизвесен е настапот на Николас Гајтан,а голманот Јан Облак закрепна од повредата, па во клубот пред натпреварот ќе решат дали тој ќе брани на оваа средба.

Најнови вести