Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2017

Алегри: Бонучи денес на трибините

Леонардо Бонучи од дисциплински причини е отстранет од тимот на Јувентус за претстојниот натпревар со Порто, потврди Масимилијано Алегри, тренерот на торинскиот клуб.

Алегри и Бонучи во финишот на натпреварот со Палермо си разменија навреди, што резултираше со отстранување на Бонучи од екипата, која отпатува во Порто на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Утре Бонучи ќе биде на трибините. Тоа не значи дека тоа треба да биде голема работа. Ваквата одлука е донесена поради респект кон клубот, кон навивачите и кон играчите. Случајот е затворен. Лео ја разбира ситуацијата, тој е интелигентно момче и важен играч за Јувентус“, изјави тренерот на Јувентус.
Алегри додаде дека ќе се казни самиот себе.
„Јас реагирав на несоодветен начин и поради тоа денес ќе дадам пари во хуманитарни цели“, изјави Алегри.

 

Најнови вести