Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2017

Гвардиола: Сешто може да се случи во Монако

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека е задоволен од резултатот во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ го совладаа Монако со 5-3 во натпреварот со два пресврта на „Етихад“.
„Размислувавме, во нападот напаѓавме, напаѓавме, напаѓавме. Монако постигна 80 гола оваа сезона, напаѓа со многу играчи. Физички е силен, врвен тим. Поради тоа се лидери во првенството. Поради тоа сме задоволни со резултатот. Можеше подобро, но можеше и полошо“, изјави Гвардиола.
Сити поведе во 26-тата минута со погодокот на Стерлинг, но Монако направи пресврт на 2-1 до полувремето со головите на Фалкао и Мбапе. Колумбиецот на стартот на вториот дел не го погоди пеналот, Агуеро израмни, но Фалкао се искупи за 3-2. Но, Сити постигна три гола во последните 20 минути и дојде до предност од два погодока пред реваншот.
„Имавме среќа. Бевме ментално стабилни. И постарите и помладите играчи одиграа неверојатно. Ваквото искуство ќе ни помогне во иднина. Монако има подолга историја на вакви натпревари од нас, а во ваквото натпреварување искуството е потребно да учиш и да напредуваш. Секако, сешто може да се случи во Монако“, додаде менаџерот на Сити.
Реванш-натпреварот се игра на 15-ти март, на стадионот „Луј Втори“ во Монако.

Најнови вести